ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА САМУН ЕМ ТАТЛИЈА ВО РАДОВИШ

Дел од вработените во Адора Инженеринг-Скопје, заедно со менаџментот на компанијата, организирано ја посетија манифестацијата „Самун ем татлија“, што минатиот викенд за прв пат се одржа во Радовиш.

По успешната работна сабота со рекордна продажба на 4 елитни станови во Скопје, вработените во Адора отпатуваа во Радовиш, каде заедно  другаруваа на плоштадот, вкусија од традиционалните автентични кулинарски специјалитети самуни и татлии, на кои мирисаше целиот град, во пријатен амбиент со македонска песна муабетеа со пријатните домаќини  и гостите, а се сретнаа и со Сашко Николов, Градоначалник на Радовиш.

Организираната посета на манифестацијата „Самун ем татлија“ во Радовиш е во рамките на корпоративните „Team building“ активности  за развивање на другарството, зајакнување на колегијалноста и тимскиот дух меѓу вработените, преку поттикнување на заедничките рекреативни и други активности надвор од работниот процес, за што во Адора Инженеринг има повеќегодишна традиција во рамките на општествено одговорните практики за негување на добрите односи меѓу вработените.

 

Дополнителна информација